Google работи на таблет кој може да фотографира во 3Д

Google работи на таблет комјутер кој ќе може да „фотографира“ во 3Д, јави Wall Street Journal. Таблетот е дел од Project Tango програмата во која претходно излегоа паметни телефони кои можат да го „снимат“ 3Д просторот. Изворите на Wall Street Journal велат дека и таблетот како и телефонот ќе биде достапен во лимитиран број на примероци, овојпат станува збор за 4000 таблет компјутери кои ќе им бидат достапни на девелоперите. Таблетот ќе доаѓа со 7-инчен дисплеј, но клучни се двете задни камери и напреден софтвер за фотографирање кој ќе биде објавен на следната конференција за девелопери закажана за крајот на јуни.

Project Tango според најавите освен мапирањето на затворени простории, што ќе овозможи корисниците да бидат упатувани до точната локација каде се наоѓа продуктот кој го бараат, ќе овозможи далеку подобар живот за луѓето со нарушен вид кои ќе можат да се движат без асистенција. Покрај ова Google најави дека е можно Project Tango да има своја примена и во креирањето на видеоигри што ќе овозможи игри креирани во околината на играчите.

Како и телефоните дел од таблет комјутерите ќе им бидат достапни на девелопери кои ќе можат да експериментираат и да пронаоѓаат нова примена на технологијата за 3Д мапирање. Google не е единствена компанија заинтересирана за 3Д, Facebook неодамна со аквизицијата Oculus Rift покажа е заинтересиран за имплементирање на виртуелна реалност, а и Samsung најави 3Д-дисплеи за своите телефони и таблет компјутери.