Google пронајде начин за монетизација на вештачката интелигенција

Google пронајде начин за монетизација на вештачката интелигенција. DeepMind сега е задолжен за пронаоѓање на начин за намалување на потрошувачката на електрична енергија во податочните центри на компанијата, пренесува Recode.

Дури и да не пронајде друг начин за монетизација оптимизирањето на сметките за електрична енергија се доволна причина за славје. Компанијата има навистина многу вакви постројки, па сметките за електрична енергија се многу високи. Во 2014 година компанијата трошеше 4.402.836 MWh или електрична енергија која е доволна за 366.903 домаќинства, јави Bloomberg.

Тимот зад DeepMind креираше систем од невронски мрежи и го тренираше да го зголеми коефициентот на полезно дејство или односот на излезната енергија и енергијата која се внесува во целата постројка. Други мрежи ја предвидуваат температурата врз основа на познати историски (претходно забележани) податоци. Целиот систем има под целосна контрола над 120 параметри: управување на работа со вентилатори, отворање или затворање на прозорци и регулација и управување со системи за ладење.

По оптимизацијата, постројката троши 40 отсто помалку електрична енергија за ладење и 15 отсто помалку за целиот податочен центар. Со оглед на тоа дека цената на 1 MWh на локациите каде Google има сервери е помеѓу 25 и 40 долари ова воопшто не е занемарливо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии