Google продолжува да купува друштвени сервиси, го купи SocialDeck

SocialDeck е компанија која се занимава со игри на мобилни платформи, прават игри за iPhone, Facebook, BlackBerry. Интересно кај компанијата е што овозможуваат играње на игри преку повеќе платформи и друштвени мрежи.

Од Google-овата страна повеќето од купените компании (Ångströ, Slide и Jambool) се занимаваат со креирање апликации и видео игри, како и платформa за менаџирање на виртуелни пари, што јасно кажува дека интернет гигантот ќе се обиде да понуди повеќе забава на корисниците од тоа што Facebook нуди во моментот.

Додатно Google веќе има свои сервиси како Docs, Calendar… но и Gmail со кој сега можат да се прават телефонски разговори, со што ќе понуди најразновидни сервиси на една друштвена мрежа.

Дефинитивно ќе биде интересно да се види што ќе направи Google од сите овие купени сервиси, и секако, дали ќе успее да му конкурира на Facebook кој продолжува да доминира со полна пареа објавувајќи нови сервиси, како Facebook Places.

1 коментар на “Google продолжува да купува друштвени сервиси, го купи SocialDeck

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии