Google претстави втора верзија на Google Glass со моно слушалка

Новата верзија на Google Glass која ќе се појави следната година ќе има моно слушалка која ќе го замени звучникот што пренесува звук преку черепот. Новата верзија ќе биде компатибилна и со очилата за вид и за сонце. Во моментот само тие кои имаат Glass Explorer верзии на очилата со проширена реалност ќе можат да ги заменат своите постари модели за понови, но Google најави дека истите тие 10.000 „рани тестери“ ќе можат да поканат по 3 пријатели да се приклучат на програмата, односно ќе им даде шанса да ги купат очилата за 1.500 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии