Oвие апликации најдобро го објаснуваат Project Tango на Google

Две години по официјалнотo претставување на Project Tango, Google конечно откри дел од новите можности на оваа технологија. Project Tango е проект на Google чија цел е да се овозможи мапирање на околината во реално време со телефонот и таблет компјутер, опремени со куп сензори. Но, овој пат фокусот не е на мапирањето, туку на можностите на веќе собраните и отчитани податоци, и нивната употреба во реално време.

Што точно е Project Tango, и што може да се направи со овој проект, можеби најдобро е објаснето со четири апликации кои ги одбра Google:

WeR Cubed на WeR VR е најдобрата апликација од сите. Станува збор за видеоигра во која играчите треба да решат сложувалка, преместувајќи коцка која е слободна. Правилата за играта се едноставни, а освен локацијата играчот треба да ја усогласи и бојата на точната локација. Благодарение на Project Tango, сложувалките се поставени на површините во околината.

Во „utility“ категоријата најдобра апликација е Phi.3D, која го овозможува токму она за што Project Tango е создаден, мапирање на околината. Корисникот поминува со уредот во околината, а Phi.3D креира виртуелна слика на околината. Апликацијата го известува корисникот за квалитетот на податоците преку бои на површините, црвената е најлоша, а зелената најдобра категорија на податоци. По ова, деталната слика може да се користи за понатамошна дообработка.

Играта Ghostly Mansion е најдобра во категоријата забава. Играчот е во улога на дух кој треба да ја открие причината за својата смрт. Со помош на телефонот или таблет се разгледува околината и се решаваат загатки кои конечно ја откриваат причината и околностите за смртта.

ghostly

Во категоријата „Најдобра во виртуелна реалност“ победник е InnAR Wars. Повторно станува збор за видеоигра која ја претвора околината во Вселенска арена, во која двајца играчи можат да се натпреваруваат за планетарна превласт.

Од првите примери и награди кои ги додели Google изгледа дека првите апликации и девелопери кои се најзагреани за Project Tango се развивачите на видеоигри. Сепак како што ќе се развива технологијата така ќе се појават и новите апликации кои ќе бидат покорисни за сите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии