Google претстави нови телефони Pixel 5, Pixel 4A 5G и Pixel 4A

Дејан Соколоски

во Мобилни

Google претстави три нови уреди од Pixel серијата. Новите телефони се Pixel 5, Pixel 4A 5G и Pixel 4A и ќе почнуваат да излегуваат веќе од август.

Интересно овој пат Google ќе претстави две Pixel 4 надградби и еден нов Pixel 5 уред. Pixel 4 телефоните требаше да излезат значително порано, но поради пандемијата компанијата го помести терминот, па сега се поклопуваат со следната генерација.

Новиот Pixel 4A излегува прв на 20 август. Телефоните Pixel 5 и Pixel 4A 5G излегуваат наесен. Двата телефони кои излегуваат подоцна ќе бидат со 5G поддршка, а телефонот кој излегува овој месец ја нема оваа можност.

Pixel 4A

За двата телефони кои излегуваат подоцна и нема премногу податоци но за стандардниот Pixel 4A модел знаеме речиси сè.

Телефони Pixel 5 Pixel 4a

Новиот телефон е надградба на постоечкиот модел, но не баш целиот хардвер е надграден. Камерата сè уште е истата 12-MP IMX363 на Sony. Ова секако значи дека и овој модел заедно со вештачката интелигенција ја има најдобрата камера на пазарот, вели Verge.

Што се однесува до остатокот од хардверот телефонот доаѓа со: 5,81-инчен 1080 x 2340 OLED, 443 ppi дисплеј од крај до крај, со мало дупче за камерата; батерија со капацитет 3,140mAh; 6GB RAM и 128GB флеш диск и Qualcomm Snapdragon 730G процесор. Што се однесува до камерата предната е 8MP со ƒ/2.0 и агол на сликање 84 степени. Задната камера е 12,2-MP со f/1.7 и 77 степени агол на сликање.

Телефонот е достапен за 350 долари на Google Play, но Македонија вообичаено не е дел од пазарите на кои може да се очекува во „првиот бран“. Телефонот покрај Google Play засега е достапен и во неколку други продавници.

Повеќе податоци за телефони Pixel 5 Pixel 4A ќе споделиме кога ќе бидат достапни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии