Google претстави бесплатна верзија на Data Studio

Google Data Studio е нова бесплатна алатка од Google. Станува збор за бесплатна верзија на Data Studio 360, која доаѓа со некои ограничувања во споредба со „про“ верзијата.

Се чини дека бесплатната верзија е наменета да ги привлече корисниците на платената верзија, иако без сомневање ќе биде корисна и зa тие на кои не им е потребно премногу аналитика. „Разводнетата“ верзија на алатката сепак е доволно моќна и собира и презентира податоци од AdWords, Google Analytics, YouTube, BigQuery, Atribution 360 и Google Sheets.

Во бесплатната верзија корисниците можат да креираат пет мулти-страници со извештаи, кои потоа можат да се споделат со неограничен број на корисници. Алатката е достапна на Datastudio, иако за почеток е достапна единствено на заинтересираните корисници од САД. Компанијата најави дека подоцна годинава ќе започнат да ја издаваат и во останатите држави. Алатката на Google во иднина можеби ќе биде сериозен конкурент на Power BI на Microsoft, но засега сервисот е фoкусиран на услугите од Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии