Google преку редизајнираните Maps ќе ви прикажува персонализирани препораки, и повеќе реклами

Како што беше најавено, Google ги претстави подновените Google Maps на I/O 2013. Новите мапи се персонализирани за секој корисник и се подобри колку повеќе ги користите.

За да стигнете од едно до друго место, Google ќе ви претставува локации на мапата кои веќе сте ги виделе или омилени локации. Начинот на кој ќе ви бидат презентирани локациите на мапата ќе вклучува локации за кои вашите пријатели имаат напишана рецензија, локации кои сте ги пребарувале на Google користејќи било која услуга од Google, означени ќе бидат улиците кои се поврзани со локацијата, но и локации слични на тие кои сте ги пребарале.

Сепак целта на надградбата не е само да им се допадне на корисниците, туку многу повеќе да ги привлече огласувачите кој ќе добијат простор за огласување директно на мапата и локацијата каде што се наоѓаат. Отсега компаниите кои огласуваат ќе добијат ново означување на мапата „сини покажувачи“, со што ќе се раликуваат од останатите кои сè уште ќе го користат „црвениот покажувач“. Освен ова корисниците ќе можат да видат и неколку зборови од рекламата директно над објектот.

Новите мапи повторно само докажуваат колку е Google пред конкуренцијата, па не е изненадување што кога станува збор за пребарување на локации сервисот на Google во САД го користат над 90 отсто од луѓето. Засега новите Google Maps сеуште се во тест верзија и доколку ги разгледате ќе мора да се пријавите за бета.

[youtube]THxJHcR1D2c[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии