Google создава возач, a не автомобил

„Ние не креираме автомобил, креираме возач.“, вели Димитри Долгов од Google, во интервју за Recode.

„Возењето е друштвена активност. Ова значи дека возилото не само што мора да ги препознава и луѓето и останатите објекти, туку мора и да прави интеракции, да ги разбира и да реагира на нивното однесување“

Г. Долгов објасни дека компанијата го тестира својот возач на автомобили од повеќе производители. Prius, Lexus; прототипот од Google и Fiat Chrysler се дел од возилата на кој е тестиран досега возачот на Google. Единствено што не се менува во овие тестови е софтверот. Тој постојано е ист, дополнително софтверот „комуницира“ со облакот и овозможува секое возило во флотата да биде подеднакво „паметно“.

Сите возила имаат пристап до облакот, можат да комуницираат меѓусебно и да разменуваат податоци. Ова се разбира значи и дека сајбер нападите се опасност, па не само Google, туку и останатите компании мора да се внимателни.

Она што е нејасно е дали Google во иднина планира да го нуди единствено возачот или можеби и дел од прототип возилата ќе бидат достапни во продажба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии