Google прави армија на роботи, предводена од Енди Рубин, креаторот на Android

Google веќе работи на иднина во која роботите ќе им помага на луѓето. Седум компании кои развиваа роботи и автоматизирани уреди последниве шест месеци станаа дел од Google X Lab, а на чело на развојниот тим е Енди Рубин, креаторот на Android платформата и долгогодишен робот ентузијаст.

„Засега нема голем број на податоци освен дека ова е почеток на подолг процес. Како и на секој „истрел кон Месечината“ мора да мислите на времето како фактор, потребна ни е доволно долга писта и десет годишна визија“, вели г. Рубин за New York Times.

Експерти кои се запознати со работата на проектот велат дека роботите на Google се роботи кои ќе се користат во производството и треба да ги заменат работниците кои префрлаат делови од една на друга производствена лента. Дел од шпекулациите велат дека компанијата работи на робот кој ќе може да склопува електронски компоненти. Сепак според најголем дел од експертите, станува збор за автоматизирање на делови од ланецот за снабдување и достава, кој ќе биде од вратите на фабриките до компаниите кои вршат достава до корисниците. На крај има и претпоставки дека армијата на роботи на Google ќе се трка со беспилотните летала на Amazon во испорака на продукти.

„Автономните возила беа во рамките на научната фантастика кога започна, сега е во наш дофат“.

Компаниите кои сега се дел од Google се Schaft, мала компанија од Токио која произведува хуманоидни рободи, Industrial Perception компанија која развива визуелни системи за компјутерите и автоматизирани раце за товарење и растоварање на камиони. Покрај ова дел од Google X се и Bot&Dolly, Autofuss, Meka, Redmond Robotics и Holomni. Се чини дека и покрај тврдењето на експертите листата на компании повеќе наликува дека ќе креира хуманоиден роботи отколку роботи кои ќе се користат во производството.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии