Google прати Gmail до сите објаснувајќи го спорот за приватноста на Buzz

Веднаш по стартување на Buzz, што требаше да биде конкурент на Facebook и Twitter, се појавија многу пропусти во приватноста, како прикажување на неодамнешните контакти на кои корисникот пратил мејл, по што група корисници го тужеа Google.

По откривање на пропустите Google брзо ги подобри опциите, но дополнително, како резултат од тужбата, Google ќе „посвети 8.5 милиони долари за независен фонд, од кои поголемиот дел од парите ќе оди за поддршка на организациите кои промовираат едукација и полиси за приватноста на Интернет. Исто ќе правиме повеќе за да ги едуцираме луѓето за контроли за приватноста специфични за Buzz. Колку повеќе луѓе знаат за онлајн приватност, толку подобро онлајн искуство ќе имаат“.

Google додава на крај на мејлот дека „ова не е судска спогодба за исплаќање на пари на Gmail корисници.“

Интересно, 8-те милиони долари се трошка, само една десетина од еден процент на приходите на Google, кој годишно врти 25 милијарди долари. Но поуката е доста моќна – приватноста на интернет се цени. Како и имиџот. Google се спрема да стартува друштвена мрежа, и сигурно сите ќе обрнат внимание на приватноста.

Повеќе детали за тужбата, покрај имејлoт доколку сте Gmail корисник, ќе најдете на http://www.BuzzClassAction.com.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии