Google повторно под лупа на Европската Унија, овојпат за прибирање на податоци

Телото на Европската Унија кое обезбедува фер услови за работа и оневозможува злоупотреба на доминантна положба на пазарот повторно во својот фокус го има Google. Овој пат Европската комисија го разгледува прибирањето на податоци на корисниците, пренесе Reuters.

„Комисијата испрати прашалници како дел од прелиминарната истрага за праксата на Google поврзана со собирањето и употребата на податоци. Прелиминарната истрага е во тек“, вели претставник на регулаторот на ЕУ.

Она што најмногу ги интересира „Европјаните“ се локалните пребарувања, рекламирањето и таргетирањето со реклами, сервисите за логирање и прелистувачите. Засега прелиминарната истрага е во тек, и иако нема официјална потврда дека ова се прави поради потврдена злоупотреба, комисијата под Маргет Вестагер досега има  изречено казни од 8,2 милијарди евра за Google.

„Податоците кои ги собираме ги користиме за да ги направиме нашите сервиси покорисни и да прикажеме порелевантни реклами. На корисниците им оставаме можност да управуваат со податоците, да ги избришат или да ги префрлат податоците“, вели претставник на Google.

Истрагата во Европа доаѓа во исто време со истрага која е отворена во САД. Во септември обвинителството во САД започна со истрага за доминацијата на Google во онлајн рекламирањето.  Над 50 јавни обвинители истражуваат дали Google ја злоупотребил доминантната положба на пазарот. Истовремено се отворени истраги и за сите поголеми технолошки компании. Facebook, Apple и Amazon заедно со Google се дел од овие истраги.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии