Google повторно го "загуби" Gmail

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Гигантот Google откако еднаш изгуби во спорот за заштитните права на зборот "Gmail" во земјите во Европа, вчера се соочи со уште еден пораз – судот каде што се одвиваше процесот ја одби жалбата која беше испратена на првата пресуда. Агенцијата за регулирање на заштитни знаци при ЕУ ја одби жалбата на Google поднесена за пресудата при крај на Февруари.

Целата работа е во тоа што во Германија, бизнисмен по име Даниел Гирш поседува компанија за електронска испорака на пошта, а името на таа компанија е "G-mail", кратко за Giersh Mail. Агенцијата истакна дека сличноста помеѓу двата знака е преголема и неможе да дозволи регистрација на Gmail од страна на Google.

Дали Google, очигледно незадоволен од двете пресуди, и над оваа пресуда ќе се обиде да ги брани своите интереси со жалење до поголем орган, не беше најавено.{mosimage}
Одлуката (на англиски) можете да ја прочитате и самите на следниов линк .

Името Gmail не им се посреќи на Google. Во Германија, заради господинот Гирш (кој воедно го поседува и доменот Gmail.de) и губењето од него во суд во Швајцарија, тие место Gmail својот сервис го нарекуваат GoogleMail. Сервисот го носи истото име и во Велика Британија, бидејќи во оваа земја името Gmail е користено од компанијата за истражување IIIR (Independent International Investment Research.) Тие името Gmail го користат за дел од својот финансиски софтвер за анализи.
{mosimage}
Google го изведе менувањето на имињата на сервисот во овие земји на тој начин што откако го смени името, сите корисници добиваа е-маил @googlemail.com, а сите оние регистрирани пред тоа го задржаа е-маилот на @gmail.com доменот.

Интересно е тоа што компанијата IIIR прва ги контактираше Google и се обиде да изнуди пари од нив на итар начин, и им го понуди за цена од 40-60 милиони американски долари. Овие "игри" се одвиваа назад во 2005.

Доколку проблемите со знакот "Gmail" почнат да се зголемуваат, не би било лошо Google да го смени името на сервисот во нешто навистина уникатно… ќе си заштедат многу време, а дека ќе ги изгубат своите корисници… не би рекол базирајќи го мојот став на фактот дека Gmail (или GoogleMail) е еден од најдобрите и најбрзите е-маил сервиси моментално на интернет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии