Google попушти пред издавачите, ја смени First Click Free полисата

Три бесплатни статии во ден, ова е новото ограничувањето кое ќе го наметнат Google и издавачите за содржините кои се зад „платежниот ѕид“. Познато како First Click Freе, oва се однесува на содржините за медиуми кои наплаќаат претплата, но кои сепак имаат договор со Google News да ги прикажува во својот пребарувачот. Пример, иако за Wall Street Journal се плаќа претплата, до некои заклучени содржини имате пристап преку линк на Google News.

Очигледно Google како агрегатор е важен за сите издавачи, иако новината е всушност намалување од досегашните 5 бесплатни статии во денот, кои без воведени во 2009 година. Целта на функционалноста и тогаш и сега бепе да им се овозможи на корисниците да дојдат до квалитетни содржини, без премногу напор и пребарување. Издавачите пак можеа да бидат откриени во пребарувачот.

Промената и намалувањето на бројот на бесплатни статии доаѓаат на барање на издавачите, кои сметаат дека во светот на мобилни уреди, секој корисник може да пристапи од повеќе од еден уред, намалувањето на бројот на бесплатни статии ќе им овозможи да продолжат со издавање на своите содржини. Издавачите можат да продолжат да дозволуваат повеќе од три статии или да побараат исклучување од First Click Free.

„Неодамна издавачите ни рекоа дека треба да ги ревидираме овие политики, со цел да бидат рефлексија на модерното мобилно време, во кое корисниците имаат повеќе од еден уред. Google сака да ја изврши улогата која ќе овоможи квалитетна содржина за корисниците. Беруваме дека FCF е важна за исполување на оваа цел и повремено го надградуваме политиките доколу сметаме дека е потребно…“, објасни Google на својот пост.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии