Google подготвува сервис за стримање музика кој ќе конкурира на Spotify, GrooveShark и Rdio

На денешниот Google I/O, компанијата ќе презентира нова музичка услуга во партнерство со Universal Music Group и Sony Music Entertainment, пренесува The Verge.

Google-овиот музички сервис ќе биде достапен на YouТube и Google Play, но станува збор за две различни претплати. Услугата ќе биде слична на Spotify, GrooveShark и други сервиси кои стримаат музика. Штом ќе ги побарате песните, ќе можете и да ги слушате веднаш. Ова е спротивно на планот на Apple кој планира музички сервис кој наликува на радио. YouТube услугата ќе биде единствено за аудио делот, можеби за да прекинат барањета до YouTube за отстранување на аудио позадина на видета кои ги споделуваат корисниците.

Во исчекување на официјални информации од презентациите, New York Times најавува дека новиот сервис нема да има своја бесплатна верзија туку само за претплата која се очекува да биде околу 10 долари.

Со новите две музички студија и претходниот договор со Warner Music Group, Google може да смета на музика од најголемите музички ѕвезди, од Боб Дилан до Лил Вејн. Засега нема официјален коментар ниту од Google ниту од музичките студија, но до официјалната најава не делат само неколку часа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии