Google Play Music ќе престане да работи на крајот на 2020

Андреј Хаџи-Василев

во Вести

Иако од пред скоро кај нас е достапен Spotify, останува фактот дека претходно кај нас имаше многу корисници на Google Play Music сервисот. За жал, истиот ќе почне да се гаси во септември, и потполно ќе престане да работи на крајот на годината. Први кои ќе изгубат пристап до него се корисниците во Нов Зеланд и Јужна Африка, во септември, а останатите региони ќе следат кратко потоа, во октомври. Во декември, сервисот ќе престане да работи и нема да имате повеќе пристап до вашата содржина. Покрај ова, Google од овој месец нема повеќе да прифаќа купување музика преку Play Store.

Ваквиот потег, иако разочарувачки за корисниците на Google Play Music, и не е толкаво изненадување. Откако добивме YouTube Music, се очекуваше од Google да се фокусираат на само еден ваков сервис. Пред неколку месеци Google овозможија вашата музичка библиотека да ја префрлите на YouTube Music, со многу едноставен процес кога првпат ќе ја отворите апликацијата.

Покрај тоа, тука е и фактот дека од Google ветија дека кога сервисот ќе престане да работи, корисниците ќе добијат известување доволно долго пред да се случи истото, и убаво е да се види дека си остануваат на зборот.  

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии