Google Play додава функционалност за аудио книги

Image courtesy of Google

Добра вест за сите кои слушаат аудио книги. Books on Google Play е нова  функционалност која овозможува Google да ви прочита некоја книга.

Можноста за слушање додека се движите, вежбате или работите било што за што не е потребна концентрација, е одлична за сите кои се презафатени.

Сѐ што треба да направи корисникот е од Google Play да ја купи книгата или да земе бесплатен преглед. Потоа овие книги може да се споделуваат на повеќе фамилијарни уреди. Со едноставно „Ok Google, read my book“ гласовниот асистент ќе ви ја прочита книгата. Дополнително, може да му кажете колку долго да чита или да прашате кој е автор на книгата. Освен телефони и таблет компјутери, може да се користи и Google Home.

Функционалноста доаѓа во 45 региони и на 9 јазици. Може да се користи од Android, iOS или од веб. Секако ова е една од оние: добра вест, лоша вест. Лошата вест е дека без да ја менувате локацијата, функционалноста нема да ви биде достапна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии