Android апликациите доаѓаат на Chrome OS

Од игрите како Hearthstone или Minecraft, па сѐ до апликации ако Word for Android или Skype… Google најави дека Android апликациите наскоро ќе бидат достапни на Chrome OS. Ова на корисниците ќе им овозможи да преземат и да користат Android апликации во оперативниот систем. „Денес објавуваме дека ќе ги додадеме најдобрите искуства од мобилните апликации Android Apps и Google Store во најдобриот прелистувач. Дојдете и тестирајте ги вашите Android апликации за Chrome OS, a нашите инженери ќе ви помогнат да ја оптимизиратe Android апликацијата зa Chromebook“, велат од Google во најавата на веста.

ООваа можност не им е достапна на сите во исто време, најпрво девелопер верзијата ќе биде достапна на селектираните лаптопи како Asus Chromebook Flip, Acer Chromebook R 11 и Chromebook Pixel, а потоа ќе следат и останатите уреди, но и финалната верзија. „Убедени сме дека милиони девелопери кои постојано смислуваат различни новитети ќе овозможат сосема ново фантастично искуство, кое сега не е достапно ниту на десктоп. Ова е само почеток, и едвај чекаме да видиме што ќе донесе иднината, вели Google на својот блог.

Android-and-Chrome-OS

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии