Google планира радикален редизајн на Chrome

Google во моментов размислуваат околу класичната верзија (како што е сега), компактна верзија (URL бар и табови интегрирани во едно), странична верзија (URL барот и табовите да се преселат од страна) и опција за уреди на допир, како што е на горната слика.

Иако на оние кои користат многу табови веднаш ќе им падне во очи страничната верзија, и можеби ќе се запрашате зошто порано не е предложена, сепак таа верзија е најмалку веројатна зошто од Google велат дека би им зафаќала непотребен простор на оние корисници кои не користат многу табови наеднаш.

Компактната верзија е нешто што веќе го видовме кај >IE9 но Google најавуваат уште поредуцирана верзија. Поради тоа што ако има поголем број на отворени табови, во барот може е да е малку натрупано, URL не се секогаш видливи и навигациските контроли и менито не се внатре во табот, Google вели дека ова не се финални верзии и дека се уште ќе размислуваат за некој конечен дизајн. Сепак, истакнува дека вака корисникот има повеќе контрола на делот каде е прикажана содржината, што ја овозможува нивната минималистичка тенденција.

Покрај новините во корисничкиот интерфејс, отсега ќе може да користите неколку Google сметки наеднаш ако се отворени во различни прозорци од прелистувачот. Досега, ако сте логирани на една сметка на Google, мораше да се одлогирате пред да се влезете во друга, без разлика дали сакате да го направите тоа во истиот или во различен прозорец.

Исто така, од Google посветуваат и многу време на подобрување на целото искуство, па така и на заштедата на времето на корисниците. Кога корисникот ќе впише само неколку букви во URL барот, резултатот кој ќе почне да се вчитува да биде максимално точен, што ќе се прави со разгледување и паметење на историјата на страните кои ги прегледувал корисникот (нешто како Google Instant). Тоа ќе се одвива како на шемата подоле.

(via Conceivably Tech)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии