Google+ плагин за страници

Google+ конечно ги стартуваше страниците за брендовите и компаниите, а од денес креираните страници ќе можат да се промовираат и на други сајтови. Google+ пушти во употреба плагин, сличен на Facebook Like Box, кој ќе им овозможи на сопствениците на Google+ страници директно од нивниот веб сајт да го зголемат бројот на Google+ корисници, како и бројот на препораки во Google Search.

Google+ плагинот моментално е достапен само за преку групата за преглед на Google+, и за да може да се земе, сопствениците на страници прво мора да се запишат на групата, и потоа преку алатката за конфигурација да ја одберат големината на кутијата која ќе биде прикажана на нивниот веб сајт. Кутијата исто така ќе се прикажува само на оние кои се зачленети на групата. Google+ кутијата содржи опција да се стави страницата во кругови, да се стисне на +1 копчето, како и фотографии и бројка на Google+ корисниците кои ја имаат страницата во своите кругови.

Покрај Google+ плагинот, Google исто така овозможи и стискање на +1 копчето и на фотографии. Со оваа опција, корисницте сега ќе можат да препорачуваат фотографии на своите пријатели. Се разбира за да може оваа опција да функционира, прво мора да се креира Google+ профил, каде можат да се видат сите препораки на едно место, како и да се избришат оние кои не ги сакате.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии