Google Pixel XL е на ред за расклопување кај iFixit

Порталот iFixit ги претставува уредите на уникатен начин и секојпат се интересни за гледање. Овој пат на ред за расклопување под алатките е првиот телефон на Google, Pixel XL. Хардверот беше познат и пред отворањето, но сега може да видиме како изгледа распоредот во телефонот. Интересно е што телефонот има прилично висока оценка за сервисирање – 6/10. Предностите се што сите делови се модуларни и лесни за замена; најголем проблем е отворањето на телефонот бидејќи постои голема можност за уништување на дисплејот.

Во случај да заборавивте, еве дел од електрониката во Pixel XL:

  • 5.5-инчен AMOLED QHD дисплеј со 1440 x 2560 резолуција (534 ppi)
  • 64-битен Qualcomm Snapdragon 821 процесор (2.15 GHz + 1.6 GHz) со 4GB LPDDR4 RAM
  • 12.3-MP, f/2.0 главна камера и 8 MP предна камера
  • 32 GB или 128 GB слободен простор, изработен од Samsung
  • Читач на отпечатоци
  • Батерија со капацитет 13.28 Wh која може да се наполни доволна за 7 часовна работа за 10 минути

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии