Мобилните телефони Google Pixel се сериозен конкурент на iPhone

Новите телефони кои ги претстави Google не се никакво изненадување. Изгледот на телефонот, логото и ребрендирањето од Nexus во Pixel, се беше познато пред воопшто да почне настанот. Познато беше и дека компанијaта ќе претстави два уреди Pixel и Pixel XL. Сепак ова се први телефони кои доаѓаат директно под капата на Google.

Компанијата долго време се обидува со партнерите да се договори за минимални спецификации за новите верзии на Android. Еден обид беше Android One, но за жал иницијативата заврши без успех. Се чини дека Google се откажа и вистинското Android искуство нема повеќе да биде во рацете на партнерите. Дали Google до крај ќе го следи примерот на Apple и ќе израбoтува хардвер и оперативен систем, ќе мора да почекаме и да видиме…

Телефонот е изработен од алуминиум, а 5 или 5.5 инчниот екран е заштитен со Gorilla Glass 4. Читачот на отпечаток е поместен на задната страна на уредот. Сепак можеби најистакната карактеристика на уредот е полнењето на батеријата; со 15 минути полнење телефонот може да работи до 7 часа.

image-934

Изработката покажува дека не станува збор за евтин телефон, а ова го потврдува и хардверот. Процесорот е Snapdragon 821, а доаѓа со специјализирана верзија на Android прилагодена на Daydream VR. Телефонот доаѓа со 4GB RAM, а слободниот простор е во уредот ќе биде од 32 до 128 GB во зависност од верзијата на телефонот.

Сепак главна карактеристика на уредот е вештачката интелигенција. Pixel е првиот телефон кој доаѓа со Google Assistant. Асистентот овозможува преку разговор корисникот да поставува прашања и да добива одговори. Благодариение на долгогодишниот развој алатката препознава и посложени прашања.

Се чини дека како и Apple претходно, и Google сега е посебно горд на камерата во телефонот. Мобилните ја имаат највисоко рангираната камера на мобилни според DxOMark бенчмаркот за камери. Спецификациајта на камерата се– 12.3MP, 55μm пиксели и f/2.0 Aperture. Компанијата и самата ја прогласи камерата на Pixel за најдобра камера во телефон било кога. Новата камера ќе доаѓа со неограничен простор во облакот за видео и фотографија снимани во 4К-резолуција.

Уредот е во целост подготвен за виртуелната реалност и без сомневање ќе бидат првите уреди на кои ќе биде достапна платформата за виртуелна реалност Daydream.

Без разлика колку е импресивен хардверот и камерата, главната функција на овој телефон од Google е да биде платформа за двете нови технологии. Daydream VR и Google Assistant. Виртуеланта реалност е засега во тест фаза, но асистентот треба да биде вистинската промена и да ја направи транзицијата во начинот на кој луѓето ги користат телефоните. Наместо навигација по менија и пишување, Google сака да го користите говорот. Ова не само што ќе ја олесни работата, туку ќе му овозможи на Google да го надмине Amazon со Echo.

image-935

Pixel доаѓа со Android 7.1, а најважно сите надградби на софтверот ќе доаѓаат директно од Google. Компанијата досега ја правеше надградбата за Nexus уредите кои беа единствени Android уреди со брзо затворање на безбедносните пропусти.

За жал, новиот хардвер и одличната изработка, не се евтини. Pixel и Pixel XL се блиску со цените со iPhone. Основната верзија на Pixel чини 650 долари, колку што чини и основната верзија на iPhone 7. Pixel XL доаѓа за 770 долари.

Телефоните се достапни во претпродажба во: САД, Велика Британија, Канада, Германија и Австралија. Од 13 октомври уредите ќе бидат достапни во претпродажба и во Индија.

1 коментар на “Мобилните телефони Google Pixel се сериозен конкурент на iPhone

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии