Google Photos и досега беше еден од најпаметните облак сервиси за фотографии. Новите промени уште повеќе ќе го олеснат користењето на сервисот. Сите најавени промени доаѓаат благодарение на вештачката интелигенција.

Првата најавена промена на корисниците ќе им овозможи автоматски да ги свртат сликите. Ако некоја од сликите не е сликана под добар агол или е наопаку, сега сервисот може и автоматски да ја поправи. Засега сервисот може да ги заврти сликите кои се ротирани за 90 степени.

sr-2_2xa

Image: Google

Корисниците и досега можеа да креираат анимирани слики со избор на неколку фотографии. Сепак новата промена овозможува креирање на анимирани слики од видео. Ова ќе овозможи креирање на помал фајл кој е поедноставен за споделување. Всушност со исклучок на функцијата за вртење на сликите, сите останати се фокусирани токму на поедноставното споделување на колажи и картички со слики.

animation-video_2x1

Image: Google

Memories е нова функција која ќе се обиде ги потсети корисниците на постари настани. Сеќавањата треба да го олеснат пронаоѓањето на фотографии во ситуација кога албумите имаат и илјадници слики.

Конечно последната функција овозможува да се изберат најдобрите фотографии. За разлика од Memories оваа функција е наменета за избор од новите слики. Така ако корисникот често слика слични работи, на пример слики од децата, функцијата ќе презентира колаж/картичка од овие слики.

Новите функции се достапни на сите платформи истовремено, iOS, Android и веб-апликацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии