Google Page Speed отсега и за Chrome на 40 јазици

На официјалниот блог Google вели дека е критично во новата екстензија за Chrome да се искористи истиот енџин кој го користи и екстензијата за Firefox, па прво што направиле е тоа што го вградиле нивниот Page Speed SDK во новата екстензија.

Во екстензијата за Chrome ќе се појават прво две подобрувања пред да ги има за Firefox. Се работи за подобрено оценување и подредување на сугестииите за да им помогне на развивачите да се фокусираат прво на оптимизациите со повисок потенцијал. Второто подобрување која веќе се споменавме е тоа што оваа екстензија ќе прикажува локализирани резултати на 40 јазици. Иако овие подобрувања ќе ги има во следната верзија за Firefox, ова е интелегентен потег на Google за да го бутнат својот прелистувач малку понапред, oставајќи го конкурентот да ги добие новините покасно.

Иако не толку ново како екстензијата за Chrome, најновиот член на фамилијата продукти на Google за забрзување на страниците е mod_pagespeed кој овозможува автоматска оптимизација на Apache 2 HTTP Server. mod_pagespeed автоматски реагира на сугестиите кои ќе ги добие од Page Speed и иако не може да го замени рачното пишување код, сепак може да помогне во одредени ситуации, или пак да ви се најде ако не знаете да го напишете кодот сами.

И за крај, Page Speed SDK е C++ библиотека која ви овозможува да ги интегрирате Page Speed анализите и сугестиите во други алатки за тестирање, па може вие ќе и најдете баш некоја употреба која ќе ви биде најкорисна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии