Google oтвори прва физичка продавница за Android уреди

Google ја отвори својата прва физичка продавница во Лондон. Продавницата ќе биде место каде купувачите ќе можат да најдат најразлични Android телефони, таблет компјутери, Chromebook и Android паметни телевизори. Освен за продажба продавницата ќе се користи и за презентации на сервиси, апликации и слично, пишува Telegraph.

„Неверојатно е колку сме возбудени за лансирање на ова место – станува збор за прва ваква локација во светот“, вели Џејмс Елијас, маркетинг директор на Google. Продавницата ќе се користи и за одржување на часови и настани, на пример предавања за кодирање за деца или презентација на потенцијални алатки кои можат да се користат во образованието за наставниците.

Продавницата доаѓа со голем телевизор кој овозможува користење на Google Maps за разгледување на земјата. „Doodle Wall“ на кој ќе може да предлагаат ново лого за Google и Chromecast Pod каде ќе бидат споделувани содржини од Google Play и YouTube. Од Google најавувија отворање на уште две нови продавници, едната во западен Лондон, а другата во Есекс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии