Надополнето: Google одсега со инстант пребарување

„Има многу кориснички придобивки со Google Instant – но главната е што штеди на време. Нашето тестирање прикажа дека Google Instant штеди по две до пет секунди во пребарувањето на просечниот корисник. Тоа може да не изгледа многу, но се додадава. Со Google Instant, пресметавме дека ќе им заштедиме околу 11 часа со секоја помината секунда на нашите корисници.“ вели потпретседателката за корисничкото искуство во Google, Мариса Маер.

Google Instant стартува постепено (но можете да го пробате тука), и за неколку недели ќе биде достапен за сите корисници, како и зададен пребарувач за корисниците кои пристапуваат до google.com преку Chrome, Firefox, Safari и IE 8 прелистувачите. Есенва ќе се појави и мобилното инстант пребарување.

Тоа што е интересно е што инстант пребарувањето автоматски ќе се гаси доколку корисникот има слаба конекција. Исто така, доколку не ви се допаѓа, ќе постои опција на google.com страната каде може да се изгаси инстант пребарувањето.

Што се однесува до рекламите, Google нема да им наплаќа за тоа што се појавуваат на сите разни страни додека се искуца точниот термин.

Надополнување:
Во следново видео Google ги демонстрира можностите на Instant Search, објаснувајќи дека сега “може да пребарувате во исто време додека Боб Дилан пее”…

Исто така, Џое Сабиа од сајтот GetWhirled.com ја искористи новата опција на Google за да направи интересно видео, слично како она погоре на Google, во кое ја интерпретира песната на Том Лехрер за хемиските елементи. Интересно… :)

5 коментари на “Надополнето: Google одсега со инстант пребарување

    1. да, и јас приметив дека на око е многу лош, посебно кога знам што да искуцам и е долго термин тогаш хаос се случува… среќа имаш од десно Turn instant off.

    2. Не сте „тренирале“ доволно, игледа.

      Добра доза на интернет порно, со намалена резолуција, екран со големина на поштенска марка и 5fps се добра подготовка. После тоа, ништо нема да „скока“ наоколу, а Google instant search ќе ви се чини како досадна и спора апликација!

      :) :)

  1. „Autocomplete“ техниката не е ништо ново. Во мојата компанија ја користиме одамна, комбинирана со AJAX повици до заднинската база.

    Но, Google тоа го прави на бази со милијарди слогови, со милиони конкурентни корисници, на десетици дистрибуирани системи расфрлани низ светот, а сепак, резултатите се појавуваат ИНСТАНТНО!.
    Тоа јас го нарекувам совршеност во изведбата.

    Точно, Yahoo ова можеби го испробувал во 2005, но не го пуштил во употреба токму заради брзината (поточно, спороста) на упитите.

    Оваа технологија инстантно ги застарува Bing и Yahoo. Не знам дали ќе се опорават…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии