Google објави портал за дизајн стандарди на Android

Аndroid доби портал преку кој програмерите ќе се едуцираат за како треба да изгледаат Android апликациите, започнувајќи од типографија, палети со бои, и интеракции со интерфејсот.

Целта на Google е да се добие поквалитетно корисничко искуство. Мобилната платформа има околу 400.000 апликации, но проблемот со нив е што голем дел се бесплатни и неквалитетни, често функционираат различно на различни уреди, што е познато како фрагментација на пазарот. Една причина за ова е што Google не се замара за квалитетот на апликациите. За разлика од другите продавници за апликации кои првин ги проверуваат апликациите пред истите да бидат објавени, најдобар пример е Apple App Store со над пола милион апликации, од кои повеќето се платени апликации од квалитетни студија и издавачи.

Google неодамна го претстави Ice Cream Sandwich, нова 4.0 верзија на Android ОС која ќе биде и за таблет компјутерите и за паметните телефони. Со Ice Cream Sandwich, Google ќе се обиде да се справи со фрагментацијата и да ги постави стандардите Android на секој уред да функционира како што е замислен, нудејќи квалитетно корисничко искуство.

Но, за да се стигне до тој квалитет, е потребно и поиновативни креатори на апликации. Токму затоа се стартува едукативен портал за стандардите на дизајнот.

Неодамна, Google исто така се одлучи да ги услови производителите да ја вклучат Holo темата во своите уреди, со цел да се стандардизира искуството.

2 коментари на “Google објави портал за дизајн стандарди на Android

  1. Супер, само што каснат мнооогу години со ваков потег.
    Ќе треба да поминат уште години за да се средат апликациите (ако се средат) :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии