Google објави алатка за развивачите – API explorer

Со кликнување на API-то кое сакате да го видите, добивате линк до полната документација, имињата на методите и, на крај, параметрите. Пополнете ги параметрите во одредените полиња и притиснете го копчето за извршување, a подолу ќе ви се покажат резултатите.

Google советува за почеток да ги пробате овие три: проширување на goog.le URL,превод на фраза во француски и листање на лични Buzz постови.

Од Google велат дека „целта е да се направат големите API-ја како Docs и Maps прегледни во Explorer“. Вака ќе може да „украдете“ од мудроста на Google и да научите нешто ново. Од другата страна пак, целта на Google е да поттикне се повеќе развивачи да ги користат нивните сервиси, со што би ги направиле попопуларни и со тоа повеќе пари од маркетинг.

1 коментар на “Google објави алатка за развивачите – API explorer

  1. До авторот на текстот:

    Би ве замолил во иднина да не нарекувате девелопери, или во најмала рака програмери, бидејки не се чувствуваме пријатно како развивачи. Сепак ние меѓу нас не се нарекуваме така.

    Дозволете природата на говорот да преовладува како извор за проширување на македонскиот јазик со нови термини, а не со вештачки буквален превод. Јас во мојата секојдневна работа користам маус, а не глувче со опавче. ;)

    Истото важи и за министерството за информатика, кое наместо да го донесе PayPal во Македонија, се занимава со превод на технички термини од ИТ светот, иако од друга страна во секоја друга област, тоа не е случај.

    Благодарам за разбирањето

    Инаку одличен пост.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии