Google објави алатка со која ќе го редизајнирате вашиот сајт во Material Design стил

Material Design Lite (MDL) е нов веб фрејмворк од Google наменет за веб сајтовите кои можат лесно да се редизајнираат во стилот препознатлив на Android корисниците. Google го претстави Material Design стилот пред една година како рамка околу која ќе го унифицира дизајнот на мобилните апликации за различните екрани, да ги направи поубави и поедноставни за користење. Сега е подготвен да го понуди и за веб сајтовите за да го направи и Вебот поубав.

Новиот frond-end фрејмворк вклучува компоненти како копчиња, анимации, типографија, позадини кои можат да му дадат „materiald design изглед и искуство на вашиот сајт“. Според девелоперите на Google кои објавија детали за MDL на Medium, Lite наставката е додадена поради едноставна со која додатоците и темплејтите од MDL може да се комбинираат со HTML, JavaScript и CSS.

Според Google, Material Design Lite е наменет пред се за сајтовите кои имаат многу текст, како блоговите и сајтовите за маркетинг. Идејата е овие сајтови да бидат поедносатвни за читање, но и да можат да бидат читливи од било кој уред со било каква големина на екран.

(Tnx до @NoLuckMakedonec за линкот)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии