Google Nexus 4 пристигна во Македонија

Kонечно. Четвртата генерација на Nexus паметни телефони од Google, овојпат изработен од корејската компанија LG, пристигна во Македонија. Телефонот заедно со две поголеми верзии на Nexus таблет компјутери беше претставен при крајот на октомври, и еве по неколку месеци е дел од понудата на Vip.

Тоа што ги прави Nexus телефоните хит е што се изработени според препораките на Google, што е слична стратегија како таа на Apple кој сам си го произведува iPhone. Проблемот со Android во моментов е што е слободна платформа, ако може да се нарече така, достапна на други производители да ја фрагментираат платформата со разни ефтини, средни и скапи телефони кои или не се надградуваат редовно, или пак немаат перформанси да се надградат во најновата верзија на мобилниот ОС. Целта на Nexus уредите е да бидат пример и во право светло да ја претстават Android платформата на Google, односно да ги демонстрираат сите иновации на платформата спакувани со добро корисничко искуство.

Како и претходните Nexus што доаѓаа со најновата верзија на Android, и четворката доаѓа со Android 4.2, попозната како Jelly Bean. Има 4,7-инчен екран со 1280×768 резолуција, со 320 пикесли на инч. Има 1,5 GHz процесор со четири јадра и 2 GB RAM, predna 1,3 мегапиксели камера, и задна од 8 мегапиксели. Има две верзии од 8 и 16 GB, но во Vip е наведено дека го има само првиот. Цената на 8GB Nexus 4 е околу 30.000 денари за само телефон. Различна е според тарифите.

Погледнете ја одличната рецензија на уредот од Verge

[youtube]66-4uMQqerA[/youtube]

11 коментари на “Google Nexus 4 пристигна во Македонија

  1. Можам донекаде да ја разберам цената на Iphone 5 (30-40 илјади денари) со договор и некаква си измислена тарифа од 3600 денари месечно (лажам, не можам да ја разберам) ама ова со Nexus 4 е за смеење. Добро овие во Vip мислат дека кај нас популацијава е тотално неписмена и нема пристап до интернет за да види колку вреди телефонот, било каде на планетава. Па од Google да се нарача директно 8 GB-тната верзија чини 250 долари – едвај 12 000 денари. Еве, нека биде уште 3000 денари за доставување и царина па да дојдеме до цифра од 15 000 денари… алооо? Па уште и со тарифи… Овци ли сме па ќе не бричите, ботови едни виповски.

    1. Ha-ha ne bidi pateticen…

      iPhone e ~400-500 dolari.
      Nexus e ~400-500 dolari.

      iPhone go reklamiraat ko da e ~200 dolari.
      Nexus go reklamiraat ko da e ~200 dolari.

      Se e vo toa sto vo Amerika site telefoni se zemaat so dogovori i taka gi reklamiraat. Inaku iPhone ne vredi ni 1$ ako me prasas.

      1. Nexus ne e napraven za dogovori, $350 ti e bez dogovor, 16GB. toa kaj nas se 16-17.000 denari. Slbodno vlezi so amerikansko proxy vo play.google.com/store/devices. Ama ovie nashive ne se normalni…

      2. Не си во право
        Доказ број еден http://www.gsmarena.com/lg_nexus_4_e960-5048.php цените на еден од најкопетентните сајтови гсмарена е 230 евра (сите цени им се без договор) ама на LG не им се исплатеше доволно изгледа па ја кренаа цената за 60-70долари и пак почнаа со продажба.
        Доказ број два http://smartphones.techcrunch.com/l/386/LG-Nexus-… сега цената е 300 долари за со договор и 200 долари без договор. На поголемите тарифи на го даваат и за 50-100 долари

      3. и тоа зборувам за верзијата со 16 GB меморија, а во Вип го нудат со таа со 8GB меморија, или јас не знам математика или Вип ги побркале сметките

  2. Телефонот е во најмала рака одличен, но нека ми објасни некој како телефон што без договор чини 250 долари кај нас чини 500 евра

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии