Google Nexus 4, 7 и 10 „одат како алва“ во Европа

Nexus 4 и Nexus 10 дебитираат во Европа, и за почеток уредите ќе се најдат во Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија. Уредите се толку популарни што ја „заглавуваат“ Google Play продавницата, а по се изгледа Google повторно ќе има распродадени производи.

Иако во продажба беше нецел час, паметниот телефон Nexus 4 е веќе распродаден во Британија. Зголемената побарувачка ја „побудале“ Google Play продавницата, а дел од купувачите се жалат дека продавницата е премногу бавна и не одговара на нивните нарачки. Слично, распродадена е и 32 GB верзијата на Nexus 10.

Nexus 4 со 8 GB во Британија е 239 фунти или 18.200 денари, односно 21.000 денари за 16 GB варијанта на Nexus 4. Nexus 10 пак има два модела 16 и 32 GB а нивната цена започнува од 319 фунти, а поексклузивниот модел со 32 GB простор, чини 389 фунти или 24.300 и 30.000 денари.

Слично како и во Европа малку порано уредите се распродадени и во Австралија. Иста беше ситуацијата и со 16 GB модел на Nexus 7 кога прв пат се појави во Play.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии