Google нема да се откаже од Glass, вели Ерик Шмит

Во обид да му најде смисла на очилата со проширена реалност Google Glass, Google го назначи основачот на Nest и креаторот на iPod, Тони Федел, на чело на тимот зад Google Glass. Сега поддршка за проектот пристига и од еден од првите луѓе на компанијата, Ерик Шмит, кој вети дека Google нема да се откаже од својот проект кој иако на прв поглед изгледаше револуционерен, за на крај да биде заборавен од програмерите.

„Glass е голема и темелна платформа за Google. Ja затворивме Explorer програмата и новинарите пренесоа дека ова значи дека го откажуваме целиот проект, ова не е точно. Google презема ризици и нема ништо во прилагодувањето на Glass кое би сугерирало дека се откажуваме од проектот“, вели г.Шмит за Wall Street Journal.

Сепак сè чини дека Glass е поместен за подобри времиња, бидејќи и според зборовите на извршниот престедател на Google, станува збор за долгорочен проект кој заедно со автономните автомобили се проекти за кој е потребно повеќе време.

Дел од медимуите објавија дека Google работи на втората итерација на Google Glass која би доаѓала со подобар звук, подобар дисплеј, батерија со поголем капацитет, но можеби поважно со оглед на ценовната бариера следната верзија на очилата за проширена реалност ќе биде пониска. Ќе биде интересно и да видиме каква улога има инвестицијата од 500 милиони долари на Google во Magic Leap.

За успешен проект Google ќе мора да се обрати и на дел од критиките за заштита на приватноста на корисниците, со оглед на тоа дека дел од локалите и јавните установи, најавија забрана за користење на Google Glass на својата локација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии