Google Nearline е евтино веб складиште за „ладните податоци“ на бизнисите

Google го најави Nearline Storage, поточно бета фазата на услугата. Станува збор за услуга која овозможува чување на податоци кои не се доволно важни за да имаат брз пристап, но сепак се доволно важни за да бидат зачувани. До оие таканаречени „cold data“ сепак, според Google, ќе може да се пристапи за само три секунди.

Услугата пред се е намената за компаниите кои имаат потреба од стотици терабајти податоци, вообичаено овие податоци се чуваат на магнети ленти или некој друг медиум, но ова значи дека кога и да биде потребно некој треба да отиде и да ги пронајде податоците, вели Wired.

Предноста на услугата на Google е што е побрза од офлајн складирање на податоците и тие можат да бидат достапни за само неколку секунди. Услугата сепак е евтина и чини 1 цент за секој складиран гигабајт, но има и дополнителна наплата за пристап до податоците. Google за Nearline Storage најавија соработка со Veritas, NetApp и Iron Mountain.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии