Google натовари камила со Street View камери

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа недопрена пустина? Благодарение на Google Maps сега може да се прошетате низ пустината Лива која се наоѓа во Обединиетите Арапски Емирати. За оваа цел Google натовари камила со Street View Trekker камери, па не само што можете да видите како изгледа пустината и песечните дими високи до 40 метри, туку го добивате истото искуство како да патувате со караван. Патот води преку оазата Лива која е една од најголемите оази на полустровот и можеби најважното историско место во пустината.

„Се надеваме дека оваа колекција слики ќе ви даде можност да ѕирнете малку како е да се патува како трговец со караван последниве 3.000 години. Доколку стигнете тука, кој знае можеби ќе сретнете нови пријатели“, вели Google.

[youtube]4pVCToDTbT4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии