Google+ наскоро ќе дозволи да се користат псевдоними

Google Plus ќе дозволи да се користата псевдними, соопшти главниот за друштвените мрежи во Google, Вик Гундорта на Web 2.0 Summit. Ден пред оваа најава, основачот на 4Chan, Кристофер moot Пол исто на Web 2.0 Summit ги искритикува Google+ и Facebook дека ги принудуваат луѓето да користат еден идентитет.

Кога стартуваше друштвената мрежа, Google бришеше цели профили кои беа со псевдоним, дури и профили со вистинско, но чудно име. Тогашната строга пракса за вистинските имиња сега г. Гундорта ја замени со „планираме да поддржиме псевдоними во иднината“.

Тој на Web 2.0 се појави на сцената заедно со ко-основачот на Google, Сергеј Брин, за да разговараат за друштвената мрежа Google+ која има над 40 милиони корисници, но во таа бројка не се додадени корисниците на Google Apps. Официјалната бројка ќе се дознае „за неколку дена“. Целото видео е подолу.

Watch live streaming video from web20tv at livestream.com

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии