Google нареди: Android Wear, Аndroid Auto и Android TV не смеaт да се модифицираат

Виктор Дано

во Софтвер

Производителите на уреди нема да смеат да ги модификуваат Android Wear за паметни часовници, Android Auto за автомобилите, ниту Android ТV, најави Google. Потегот е малку изненадувачки бидејќи Android, претставен како отворена платформа, беше користен слободно од различните производители на паметни телефони кои си креираа свои интерфејси, пример HTC Sense. Но, Google сака конечно да го реши проблемот со фрагментацијата, па Android L, кој беше претсавен на неодамнешниот I/O, ќе има унифициран дизајн за сите различни уреди: за телефони, таблет компјутер, автомобили, часовници и телевизори.

Производителите ќе можат да менуваат мали детали на Android, пример да преинсталираат свои апликации и сервиси, но дизајнот на платформата ќе остане ист. Директорот за инжинерство на Google, Дејвид Бурк, во интервју за ArsTechnica, потврди дека Android ќе има ист кориснички интерфејс кој ќе се контролира од Google, не од производителите. Покрај решавањето на проблемот со фрагментацијата, добрите вести на оваа најава се и дека Google ќе биде одговорен за сите надограби на софтверот.

„Сакаме корисниците да имаат исто корисничко искуство, па ако имате телевизор во една соба, и друг телевизор во друга, и двата користата Android TV, тогаш сакаме тие да работат исто и да изгледаат исто… Производителите ќе можат да го брендираат, и можат да имаат сервиси кои сакаат да ги вклучат, но се друго ќе биде исто“, вели г. Бурк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии