Google најави поддршка за Kotlin за развој на Android

Google најави дека новиот програмски јазик Kotlin и официјално ќе биде поддржан на Android. Оваа најава доби и најгласен аплауз од публиката, додава TechCrunch.

Kotlin е само проширување, а не и замена за Java и C++. Kotlin работи под Java Virtual Machine, што овозможува интероперабилност со постоечкиот код. Поради ова Kotilin е популарен јазик кај развивачите на Android апликации.

Компанијата го додава Kotlin на барање на девелоперите. Можностите на новиот јазик треба да ги направат девелоперите попродуктивни, но и ќе им овозможи функционалност која ја нема кај Java. Поддршката за Kotlin ќе пристигне со Android Studio 3.0.

Девелоперите и досега можеа да го користат Kotlin за развој на Android, сепак со Google зад себе јазикот има поинаква „тежина“. Google најави и партнерство со JetBrains со кој ќе обезбедат идна поддршка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии