Google најави очила и контролер за виртуелна реалност

Можеби Cardboard е интересен и евтин уред, одличен за да им овозможи прв вовед во виртеулната реалност, но неколку години подоцна Google, а и корисниците се подготвени за повеќе. Затоа Google на I/O го претстави Daydream, кој е склоп од маска за виртуелна реалност и контролер. Процесирачката моќ и презентацијата како и со Google Cardboard доаѓаат од телефоните, па токму затоа Google наметнува строги барања од прозводителите.

Android Daydream VR е платформата со која Google ќе се обиде да продолжи да го прави истото, но овојпат далеку поквалитетно. Платформата ќе биде поддржана од Android N уредите и ќе биде стандард за кој телефоните ќе треба да исполнуваат услови, како квалитет на дисплејот и задолжително вклучени сензори.

controller_2.0

Платформата ќе овозможи оптимизација при работата во виртелната реалност. Google веќе подготви дел од своите апликации за виртуелната реалност. VR верзии веќе имаат YouTube, Street View, Google Play, Play Movies, а без сомневање наскоро ќе бидат претставени повеќе апликации. Според најавите на Google I/O: Wall Street Journal , CNN, USA Today,  Netflix, Hulu, HBO и Major League Baseball, веќе работат на своите апликации за Daydream. Ако контролерот и маската се креирани од Google, телефноните ќе бидат креирани од осум партнери производители: Samsung, HTC, LG, Xiaomi, Huawei, ZTE, Asus и Alcatel.

Според најавата, Daydream ќе биде достапен наесен заедно со Android N.

2 коментари на “Google најави очила и контролер за виртуелна реалност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии