Google му плаќа на Apple помеѓу 8 и 12 милијарди за пребарување, Apple работи на пребарувач

Дејан Соколоски

во Свет

Google му плаќа на Apple помеѓу 8 и 12 милијарди долари за да биде дефолтен пребарувач на iOS. За оваа сума пребарувачот на Google доаѓа на секој iPhone и помага за одговорите на сите прашања на Siri. Ова е најголема објавена сума која Google ја исплаќа на некоја компанија. Сумата не е занемарлива и за Apple за кој претставува помеѓу 14 и 21 отсто од годишниот профит, вели Mac Rumors.

Овој договор помеѓу двете компании сега го оспорува Одделот за правда во САД. Тврдењето е дека договорат е во спротивност на антимонополската пракса. Google е во поголем дел под посериозно обвинување, но вината е и кај Apple, па и двете компании ќе бидат дел од тужбата. Основа за тужбата против Apple е забелешка на вработен во Apple кој вели „Наша визија е да работиме како една компанија“.

Опасноста за Google кој би бил казнет, но на долг рок ќе заштеди пари е бројот на корисници кои компанијата ќе го загуби ќе биде значителен. Ова не е единствената опасност за Google. Apple работи на развој на сопствен прелистувач, вели Financial Times (paywall). Основа за ова сомневање се „веб кролери“ на Apple кој го мапираат интернет.

Дел од пребарувањата веќе користат сопствени резултати од пребарувањата со iOS 14. Сепак Apple го користи пребарувањето на Google за пребарување. За да го заменат во целост е потребен развој на алатка пребарувач. Засега нема цврст показател дека Apple навистина работи на сопствен пребарувач. Единствена податок во насока која ја потврдува веста е зголемувањето на активностите на кролерите, но барем засега цврста потврда нема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии