Google му плаќа милијарда долари на Apple за пребарување во iOS

Google во 2014 година му исплати 1 милијарда долари на Apple за да ги задржат како основен пребарувач на iOS, јави Bloomberg, повикувајќи се на судски документи. Двата ривали имале договор Apple да заработува и дополнителни 34 отсто од рекламите преку мобилното пребарување.

Иако ова не е изненадување бидејќи ривалите на Apple, меѓу кои Google и Microsoft, уживаат одлични резултати со своите апликации за iOS, кои се меѓу најпопуларните на овој мобилен оперативен систем; сепак 1 милијарда долари и дополнителни исплати од рекламите е можеби најдобар показател за големината на екосистемот на Apple. Двете компании не одговорија на барањата за коментар на Bloomberg, а документот е отстранет речиси веднаш по објавувањето на текстот. Документите се дел од судски процес помеѓу Google и Oracle, во кој вторaта компанија бара оштета поради користењето на Java за развој на Android.

Ова не е прв пат да се известува за исплата на Google за користење на пребарувачот, па дури и бројките остануваат исти. Morgan Stanley и Macquarie и претходно излегоа со бројката од милијарда долари, иако тогаш немаше документи кои ќе го потврдат тоа, потсети Verge.

Најголем дел од средствата на Google доаѓаат од реклами, па на плаќањето може да се гледа и како на инвестиција. Компанијата постојано работи на надградба како на алгоритмот за презентирање на рекламите, така и на самата понуда. Неодамна Google отстрани 17 милиони реклами поради тоа што беа креирани да ги измамат луѓето, 12,5 милиони реклами кои лажно се рекламираа, 30.000 страници заради лажно тврдење за слабеење, 10.000 страници за продажба на фалсификувана стока и 10.000 страници за понуда на непосакуван софтвер, јави BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии