Google му одговори на Закерберг: Ни одговора кога не потценуваат

Бредли Хоровиц, потпретседателот на менаџментот за продукти во Google во интервју за Bloomberg одговори на коментарот до Марк Закерберг, со пораката „драго ни е што не потценуваат. Тоа ни послужи одлично до сега.“

Овој коментар доаѓа откако основачот на Facebook, Mарк Закерберг, искоментира дека Google си има „своја мала верзија на Facebook“. Неговиот коментар беше одговор на прашање за дали ќе има војна меѓу платформите. Закерберг одби да дискутира за војна меѓу големите компании, велејќи дека има место за соработка, но сепак го вметна зајадливиот коментар во својот одговор.

Г. Хоровиц во своето интервју ги коментира новите страници за брендови кои сега стартуваа на Google+. Сега компаниите можат да си додадат свој профил, а постои и опција за корисниците да само напишат +1 и име на бренд за веднаш да ја додадат таа страница во своите кругови.

„Ова е само почеток. Интересот е неверојатен.“, вели г. Хоровитц.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии