Рекордна казна за Google од 2.42 милијарди евра

Европа го казни Google 2.42 милијарди евра. Претходно казната беше најавена за средината на јули, но според извори на Bloomberg комисијата ја забрзала одлуката. Процесот против Google трае 7 години, па и без забрзувањето немаше да има премногу чекање. Google најави дека можеби ќе се жали на одлуката.

Причина за казната е промоцијата на рекламите од компанијата пред рекламите на своите конкуренти. Google е вклучен во уште две истраги за Android и за Ad Sense. Компанијата годишно заработува над 19 милијарди долари.

Паричната казна е висока, но комисијата можеше да наложи и поригорозни казни, како и промени во алгоритмите. Најригорозната казна која можеше да биде предложена во овој случај е растурање на компанијата на помали делови. Сепак Google е далеку од она што беше некогаш, веќе се раздели на куп компании, па ваква одлука на Европската комисија може беше несоодветна. Компанијата има 90 дена да да престане да го злоупотребува монополот или ќе се соочи со поригорозни казни. Промената на алгоритмот можеби би обезбедила порамноправен пристап за рекламите, но и ќе биде посериозен удар за Google. Доколку не ги отстрани пропустите Google секој ден ќе плаќа 5 отсто од дневната заработка на матичната компанија Alphabet, околу 14 милиони долари.

Европската комисија засега не сугерира во која насока треба да одат промените во шопинг услугата, јави BBC. Една од можните промени е враќање на претходниот модел на шопинг функционалноста, вели Recode. Промените би можеле да значат намалување на заработката на компанијата од рекламите. Сепак соработката на Google можеби ќе помогне за подобра преговарачка положба во другите две истраги.

Истрагата за Android е фокусирана на тврдењето дека Google ги принудува производителите кои користат Android да ги користат нивните апликации. Најчесто споменувани се Chrome за Android и пребарувањето. Последната од трите истраги се однесува на Ad Sense платформата за реклами. Овие две истраги се независни и казната нема да ги запре овие истраги.

Истрагата на европската комисијата трае веќе трае 7 години. Досега највисока казна за злоупотреба на монопол плати Intel, 1.06 милијарди долари.

2 коментари на “Рекордна казна за Google од 2.42 милијарди евра

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии