Google и Monotype објавија фонт кој поддржува над 800 јазици

Image Courtesy of Monotype/Google

Google и Monotype денеска го лансираа Noto, бесплатна серија на фонтови која се обидува да ги подржи сите пишани јазици во светот, дури и оние кои не се во редовна употреба. Ова е досега најголемиот типографски проект во светот, а од Google и Monotype велат дека за да го реализираат им требале повеќе од пет години.

google_monotype_noto_character-sets

Фонтот подржува латинични, кирилични, египетски хиероглифи па дури и емоџи. Noto има осум различни дебелини, подржува и serif и sans serif стилови и според креаторите, фонтот е создаден за да овозможи глобална комуникација “преку граници, јазици, култури и временски периоди”.

За да го преземете фонтот, посетете го следниов линк. Фајлот кој ги содржи сите фонтови е тежок над 470 мегабајти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии