Google Maps воведе мапи за затворени простори

Доколку користите мобилен уред со инсталиран Android OS, со помош на најновата верзија на Google Maps која претстави внатрешни мапи на објекти ќе можете да се ориентирате во големите трговски центри, стоковни куќи и аеродроми.

Новите опции им овозможуваат на корисниците да прегледуваат специфични мапи за секој кат кој го посетуваат, со точност од 5 до 10 метри од нивната локација. На екранот ќе се гледаат не само продавниците туку и други важни локации, како на пример, аеродромските терминали, банкоматите, тоалетите… Со накривување и вртење на екранот мапата добива тродимензионален изглед.

За почеток, само неколку светски аеродроми и големи стоковни куќи – партнери на Google се мапирани на овој начин, но Google објави дополнителна платформа наречена Floor Plans преку која компаниите ќе може да ги објавуваат и ажурираат плановите на нивните објекти на Google Maps.

Според менаџерот на Google Maps, Стив Ли, се работи за најголемото подобрување на Google Maps оваа година, а локациската технологија користи GPS, мобилни и Wi-Fi сигнали за точно да ја определи локацијата на корисникот. Технологијата доаѓа со мало закаснување, бидејќи Bing Maps на Microsoft веќе неколку месеци овозможува мапи за затворени простори.

Се очекува мапите на затворени простори да бидат голем извор на приходи за двата ривали, бидејќи на компаниите ќе им треба малку време пред да почнат да ги рекламираат своите попусти и специјални понуди на тродимензионалната платформа. А, дека се работи за „следната голема работа“ покажува и најновата најава на Nokia за револуција токму во ова поле...

2 коментари на “Google Maps воведе мапи за затворени простори

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии