Google Maps со мал редизајн и големи подобрувања во деталите

Доколку сте користеле Google Maps, веројатно сте приметиле дека некои работи се прилично тешки за распознавање. Зборуваме за поголеми објекти како на пример пустини, големи плажи, или густи шуми, кои неретко се вклопуваат во околината кога ги гледаме на мапа, и не се баш најочигледни на прв поглед.

Ова сé се менува со новиот редизајн на Google Maps, во кој Google обрнале повеќе внимание токму на ваквите работи. Користени се нови сателитски снимки како основа за редизајнираните мапи, како и нов алгоритам за мапирање на бои. Крајниот резултат многу подобро прикажува разлики во вакви случаи, како на пример разликата помеѓу густа шума и зелено поле.

Покрај ова, има и мали промени во уличните мапи во некои градови. Иако мапите претходно беа ограничени само на улици, во некои поголеми градови како New York, San Francisco и London, наскоро ќе може да видите кој дел од улицата е коловозна лента, а кој тротоар или пешачки премин.

Новите подетални мапи полека стануваат достапни низ светот, во сите 220 држави и територии кои Google Maps ги поддржува. Уличните мапи за горенаведените градови ќе бидат пуштени во употреба во наредните неколку месеци, а од Google велат и дека имаат план да додадат повеќе градови на листата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии