Google Maps сега се користат офлајн, но само ако имате простор на телефонот

Google Maps конечно добива една од најпосакуваните и најдолго очекуваните надградби – можност за офлајн пребарување и упатства, јави Google на својот блог. Надградбата е голема, а заедно со офлајн навигацијата доаѓаат и функционалности како податоци за густината на сообраќајот, пронаоѓање на адреси на компании, време на отворање и телефонски броеви.

Офлајн мапите функционираат едноставно. Треба да симнете некоја област на телеонот преку WiFi мрежа, бидејќи мапите и податоците се огромни. „Следниот пат кога нема да имате пристап до интернет – без разлика дали сте на паркиг или на пат – Google Maps ќе продолжи да функционира без проблем,“ вели Google.

product-offroad-setup-v1-r2

Но, големината на податоците кои треба да бидат преземени е и најголем проблем за користење на апликацијата. Google Maps се фантастично корисни ако ги имате на мобилен телефон, бидејќи ги користите во движење и патување. Но, добар дел од Android телефоните се ограничени со слободен простор. На пример, ако сакате да се шетате низ Сан Франциско ќе треба да симнете мапа која тежи околу 400MB, што претставува сериозно ограничување за некои корисници.

Надградбата на апликацијата е во тек и наскоро би требало да бидат надградени. Преземањето е едноставно, прво го пребарувате името на градот, а потоа се презема мапата за бараната локација. Проверките и промените на преземените мапи се прават на секои 15 дена.

Надградбата најпрво ќе биде достапна на Android, а до крајот на годината би требало да биде надградена и iOS апликацијата. Од Google се разбира најавуваат и новости кои ќе им овомзожат на корисниците никогаш да не се загубат. Добра вест е што надградбата и преземањето на мапи е достапно и за Македонија, па можете веднаш да ги користите мапите офлајн.

1 коментар на “Google Maps сега се користат офлајн, но само ако имате простор на телефонот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии