Со Google Maps до помалку нервоза во сообраќајот

Улиците на Скопје, најверојатно и улиците на другите поголеми градови во Македонија, и во подобри временски услови се далеку од идеални. Додајте ја на ова непроодноста и ледот и ситуацијата станува уште полоша. За среќа Google Maps овозможува следење на сообраќајот во живо.

Google Maps им овозможува на корисниците да следат каква е фреквенцијата на возила на улиците и во услови на густ сообраќај може да одлучат за возење по алтернативна рута. Порталот CarClub има одличен текст за Google Maps во Скопје, во кој објаснува како може најдобро да ги користите податоците од апликацијата.

Приказ на сообраќајот во Скопје, среда 01.02 во 12:45 часот.

Апликацијата овозможува корисникот да ги искористи и стандардните податоци за одреден период во денот за кој било ден од неделата. Овие податоци се разликуваат од реалната состојба во живо, но се добар показател кој ќе овозможи планирање на рути. За проверка на типичниот сообраќај корисникот ќе треба да промени од „Live Traffic“ на „Typical Traffic“.

Типичен сообраќај во Скопје, понеделник во 8:10 часот наутро

Состојбата во сообраќајот може да ја следите на следниот линк или ако користите Google Maps за телефон, преку функционaлноста Traffic.

Апликацијата е достапна и за други поголеми градови во Македонија, како Велес, Куманово, Тетово, Битола, Охрид и поголемите патишта низ земјата…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии