Google+ стартуваше платформа за игри, Facebook го возвраќа ударот

Неодамна пишавме  за можноста Google наскоро да претстави платформа за друштвени игри на Google+, и тоа предвидување се оствари во најбрз можен рок. Google+, најбрзо растечката друштвена мрежа до сега, официјално ја претстави платформата за друштвени игри, која треба да биде директен конкурент со онаа на Facebook.

Со стартување на платформата за друштвени игри, Google+ сигурно ќе го намали профитот oд игрите кој до сега го земаше Facebook. Учејќи од грешките на Facebook, Google најави дека 95% од профитот ќе оди за програмерите на игри, а ќе задржува само 5%. За споредба, Facebook зема дури 30 отсто од трансакците, додека 70% оди за девелоперите.

Google+ за сега нуди само 16 игри, меѓу кои спаѓаат веќе култните Angry Birds и Zynga Poker. На почеток игрите ќе бидат достапни за само 10 милиони корисници, и во наредниот период ќе бидат достапни за сите. Доколку спаѓате во тие 10 милиони, игрите ќе можат да се најдат во иконата која треба да биде до веќе постечките икони. Со притискање на оваа икона влегувате во сосема нов дел од Google+ платформата, каде ќе можете да ги најдете сите информации поврзани со игрите. Па така, наместо да добивате нотификации во вашиот стрим, сега ќе имате посебен дел каде ќе можете да дознаете кои игри ги играат вашите пријатели, да ги листате поканите за игри, како и да дознаете како напредуваат вашите пријатели.

Интересното е тоа што Facebook не чекаше многу за да го возврати ударот, веднаш најавуви подобрувања на сервисот за игри. Една од новините е зголемување на екранот за играње, па така некои ќе можат да го зафатат целиот екран. Во овие игри спаѓаат CitVille, Zoo World, Monster World и Mystery Manor. Сега исто така ќе можете и да си ги обележите омилените игри за да ви бидат подостапни. Тие што играат игри сега ќе имаат и посебен стрим кој ги покажува активностите на пријателите, како и нивните поени и достигнувања.

2 коментари на “Google+ стартуваше платформа за игри, Facebook го возвраќа ударот

  1. aj ako moze soveti za google plus chat ??? Kaj chatot na strelkata nadolu ima samo Settings i sign out – circles gi nema nigde , ako moze da kazete kako da se namesti. Koga i da se uklucam ne pokazuva deka nekoj e online a sum siguren deka ima online.
    Pozdrav i fala.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии