Google лансираше платформа за Chrome WebVR

Google ја надгради WebVR за Chrome и отсега функционира и на Google Cardboard. Платформата досега функционираше на Daydream. Истовремено компанијата ја претстави WebVR Experiments.

WebVR Experiments е своевидна библиотека на VR проекти кои Google им ги претставува на своите корисници. Ова, заедно со поддршката за Cardboard, ќе им овозможи на сите корисници со малку средства да ја разгледаат виртуелната реалност.

За разлика од Daydream кој е достапен на неколку телефони, Cardboard е достапен на сите уреди. Бројот на Cardboard корисници во моментов е околу 10 милиони, дел од нив се на iOS. За жал, за овие корисици нема најава за надградба, пренесе Verge.

Дополнително, проектите со 2D-view се достапни и на десктоп. Следно за Chrome VR е поддршка за Oculs и Vive.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии