Google лансира сајт за детекција на измами

Google, во партнерство со Cybercrime Support Network, неодамна го лансира Scam Spottеr, веб сајт кој е замислен да им помогне на луѓето да станат способни ефикасно да препознаваат и избегнуваат онлајн измами.

Сајтот тврди дека само оваа година е предвидено да се зграпчат над 2 милијарди долари преку онлајн измами.

Главната цел на Scam Spottеr е да стави акцент на трите знатни правила кои, доколку се земат во предвид, нема да не осиромашат.

Златно правило 1: Полека, без брзање

Криминалците често играат на картата со итност и константно ограбрување да подлегнете на притисокот и да избразате.

Златно правило 2: Направете соодветни проверки

Направете ваше лично истражување и пробајте да дознаете дали навистина некој е она што ви се претставува.

Златно правило 3: Застани! Не испраќај!

Правилото објасува зошто треба да сте сомнителни кога ви се инстатно бара да испратите пари.

Секое од овие правила е пропратено со вистински примери, како некои пораки изгледаат, на што да се внимава и како правилно да се препознае измамата додека уште има време.

Квиз кој ќе проба да заклучи дали лесно би можеле да бидете измамени

Scam Spottеr изобилува со најразлични совети, не само за стандарните пораки како тие на најразлични принцови и слично, туку и со бројни имами кои профитираат на моментната епидемија со коронавирусот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии